Контроверзен преварувач: „Гугл за проститутки“

Од:

Во Велика Британија од недоамна е покрената нова интернет страница, чија намена предизвика многу контроверзи.

Имено, сајтот „Ескортдек“ има за цел да им помага на мажите да пронаѓаат „дами за придружба“, поради што стана познат како „Гугл за проститутки“.

Преку оваа страница може да се пребаруваат „девојки за забава“ според различни категории, критериуми, фантазии, фетиши… Доволно е да се впише само еден збор и страницата ги нуду „опциите“ што се на располагање во Велика Британија, наведува  лондонски „Мирор“.

Ваквата страница меѓутоа наиде на жестоки критики на повеќе организации за човекови права и феминистички групи, кои оценија дека сајтот „го поттикнува насилството врз жените“.

– Тоа се макроа. Преку проституцијата се прават обид за повторно загосподарување над жените. На тој начин се поттикнуваат насилството и неерамноправноста, како и продажбата на жените како бело робје, изјави Карин Ингала Смит, лидерката на една феминистичка група.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска