(ВИДЕО) Протест пред Уставен: Оставка за Гошева и судиите што го штитат злосторничкото здружение

Од:

„Оставка!“, „Усран суд“, Судиска мафија“, и денеска се извикуваше пред зградата на Уставниот суд, стотици револтирани граѓани по четврти пат протестираа пред судот барајќи оставка од претседателката Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, уставните судии кои дадоа согласност да се расправа и одлучува за можноста претседателот да помилува осудени за изборен криминал, педофилија и други тешки кривични дела. Денеска, прв пат на овие протести на разглас се пуштаа и прислушуваните разговори што во таканаречените „бомби“ опозицијата ги објавуваше минатата година.

Од пред Уставниот суд насобраните порачуваа дека нема да пројде обидот на партијата на власт и дека уставните судии ќе мора да поднесат оставки поради нивната инволвираност во партиските манипулации.

– Злосторничкото здружување ни ги зароби институциите и ја направи правдата недостижна за граѓаните. Уставниот суд е востановен за да го заштити Уставот и законите и да биде гарант за владеењето на правото. Од моментов кога беа избрани членовите на овој суд тој престана да ја извршува својата одлука и му служи на злосторничко здружение и неговите интереси.

Последната одлука на Уставниот суд најтранспарентно покажува дека дел од неговите судии работат директно по диригентската палка на злосторничкото здружение. Нашиот врисок за правда и нашиот револт не треба да престане се до оној момент додека сите не одговарат за своите дела и се додека не ги ослободиме институциите во земјава за да се осигураме дека никогаш повеќе нема да ни се повтори, рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

Таа потсети дека Уставниот суд донесе одлуки со кои се отфрлија иницијативите за Закон за лустрација, Закон за абортус и беше отфрлена иницијативата на новинарите за настаните од 24 декември 2012 година.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска