Откако Нов Зеланд лани во декември кончено го призна пастафаријанизмот како посебна религија, жителите на оваа пацифичка држава од понеделник ќе можат и службено да се венчаваат во пастафаријанската црква „Летечко чудовиште од шпагети“.
Ваквата можност уседи отакако локалната поглаварка на црквата, Карен Мартин, доби дозвола од Министерството за внатрешни работи на Нов Зеланд да склучува бракови.
Се чини дека „министронката“ Мартин нема долго да чека на првата свадбена церемонија, затоа што има многу заинтересирани кои сакаат да го кажат „судбоносното да“ во оваа црква, наведуваат новозеландските медиуми.
Мартин изјави дека нема да наплаќа за венчавките, на кои ќе има многу тестенини.
„Летечкото чудовиште од шпагети“ е идеја на Боби Хендерсон, кој го изимисли ова „суштество“ во 2005 година во сатирично писмо со кое протестираше против одлуката на Одоборот за обрзование на Канзас со која беше одобрено изучување на интелегентниот дизајн како алтернативен предмет во наставата по природни науки во јавните училишта.
Во писмото Хендерсон ги исмеваше креационистичките идеи твредејжи дека верува оти секогаш кога некој научник датира предмет се помош на јаглерод се појавува „надприроден творец“ кој наликува на шпагети и ќофтиња и ги менава на научните резултати.
Хендерсон тврдеше дека неговото верувања е подеднакво валидно како и оние на интелигентениот дизајн и бараше на „Летечкото чудовиште од шпагети“ да му се додели еднаков статус во наставата како и на интелегентниот дизајн и на еволуција.
Откако Хендерсон го објави неговото писмо, „Летечкото чудовиште со нозе од шпагети“ набрзо стана интернет феномен и симбол на противниците на изучувањето на интелегетнито дизајн во јавните училишта.
Инаку, интелигентниот дизајн се базира на ставот дека „одредени особини на Универзумот и на живите суштества најдобро можат да се објаснат со помош на интелигентна причина, а не со процес каков што е природната селекција“.