Задржан товарен брод со оружје на грчкиот остров Крит

Од:

Товарен брод со оружје, кој пловел под знамето на Того бил задржан на островот Крит, јавија грчките медиуми.

Бродот, кој тргнал од Турција, е задржан по сигнал на грчката разузнавачка служба.

На бродот се пронајдени шест контејнери со илјадници парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи.

Грчките власти истражуваат дали оружјето е законски превезувано. Единаесетчлениот екипаж на бродот вклучува и Сиријци.

Првата станица на бродот била Либан, а потоа требал да стигне до североисточна Африка.

Би можело да ве интересира

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Србин дошол на одмор, убил маж и киднапирал две жени

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

На Крит уапсени 76 мигранти од Африка и Азија

Над 200 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот на Крит

Горан Наумовски

Пламна пожар на Крит: Граѓаните добија предупредувачка порака