Меркел: Брисел мора да има контрола

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на законодавците на Европската Унија дека државите мораат да дозволат Брисел да има надзор над јавните финансии кога е тоа потребно.

Според неа, европските држави мораат подлабоко да се интегрираат доколку сакаат да го зачуваат единството и благосостојбата.

„Довербата на ЕУ ќе мора повторно да се заслужи“, рече Меркел во говорот во Европскиот парламент.

„Ќе победиме заедно… тоа е мојата цел“, рече канцеларката, изразувајќи уверување дека лидерите на ЕУ ќе покренат радикални чекори на Самитот на 13-ти и 14-ти декември, за европската монетарна унија подобро да функционира и да зајакне.

Меркел исто така оцели дека буџетите на одделни држави-членки треба да бидат формирани по единствен принцип.

За да функционираат даночната политика, заедничките буџетски правила и пазарот, лидерите мораат да воспостават рамнотежа помеѓу новите тела и националните парламенти, наведува Меркел и додава дека е загрижена во врска со чекорите на некои држави членки на ЕУ, кои сакаат „ренационализација“ на суверенитетот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он