Крводарителска акција под мотото „Слепите за заедницата“

Од:

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во рамките на одбележувањето на големиот 70 годишен јубилеј денеска ќе ја одржи централната крводарителска манифестација под мотото „Слепите за заедницата“.

Традиционалната крводарителска акција ќе се одржи во соработка со Здружението на слепи и лица со оштетен вид на град Скопје, и  Црвениот крст на општина Центар, Институтот за трансфузиона медицина и УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува единствен легитимен претставник на повеќе од 2.550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата, кој својот јубилеј годинава ќе го одбележи со бројни активности.

Инаку, 17-те општински здруженија на слепи лица-членки на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија веќе ги одржаа своите крводарителски акции во градовите низ државата.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија претставува национална инвалидска организација основана согласно Законот за инвалидски организации, непартиска, непрофитна, доброволна, организација од особено општествено значење.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска

„Новогодишна сказна“ – двојазична сликовница за деца со оштетен вид

Катерина Ѓуровски

Национален сојуз на слепи: Да се изработат материјали во пристапни формати за лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Ана Ололовска