Триминутното видео на словенчкиот комичар и имитатор Клемен Слакоња, во кое тој парадира во „мачо“ стил на рускиот претседател Владимир Путин, достигна повеќе од 800.000 прегледи на Јутјуб, откако во саботата авторот го претстави на натпреварот за избор на словенечки претставник на Евровизија.
Слакоња веќе неколку сезони е водител на шоуто „Ема“, кое има голема гледаност, поради скечевите и имитациите.
Најнова „жртва“ на Слакоња е рускиот претседател Владимир Путин во пародијата „Владиир Путин – Пут-ин, Пут-аут“.
Путин на Слакоња е претставен во музички спот, каде пее на англиски јазик со руски акцент и со богата кореографија со војници и балерини, при што јава на бел коњ, се обидува да лови сибирски тигар и испраќа многу силни „пораки“.
Меѓудругото, тој ветува дека „мајката Русија“ повторно ќе ја напрви најмоќна сила, дека е најдобар стрелец по Џеки Чен и посакува Нобелова награда за мир.
– I’m a nice guy cant’ l get a Nobel peace prize?, се праша Путин во изведба на словенечкиот имитатор и комичар.
Инаку, во емисијата „Еми“ досега „пропарадираа“ ликовите и делата на многу познати лица, меѓу кои и на словенечкиот филозоф од светски глас Славој Жижек и на поранешната премиерка Аленка Братушек. Ваквиот хумор на Слакоња некои го нарекуваат „урнебесен“, а други потценувачки и „инфантилен“.