Лондонскиот аеродром Гетвик затворен поради непредвидено „чистење“ на пистата

Од:

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е затворен од претпаднево за сите полетување и слетувања, откако на пистата се откриени „нечистотии“ од излеани материјали, соопшти управата на аеродромот.

Во соопштението се вели дека аеродромот е затворен од 10:35 часот по британско време (11:35 по средноевропско време), за да се отстранат „нечистотиите“ и да се доведе во ред пистата, но не се даваат никакви детали што ја предизвикало потребата за чистење во ова време од денот во првиот работен ден од неделата.

Сите авиони што требало да полетаат се приземнети, а летовите се одложени, додека авионите што требало да приситгнат на „Гетвик“ се пренасочувани на други аеродроми во Велика Британија.

Претставник на „Гетвик“ изјави дека само во првиот час од затворањето на аеродромот, се пренасочени повече од 20 летови.

Патниците се советуваат да не доаѓаат на аеродромот, додека не се расчистат работите, затоа што голем број летови се „одложени за друго време“.

„Гетвик“ е вториот по големина аеродром во Лондон и во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон