Шверцот на цигари е меѓу најважните извори за финансирање на нелегалната Курдска работничка партија (ПКК), покажуваат податоците на турското разузнавање и полиција, цитирани од весникот „Туркие“.
Овој вид шверц во последно време го надмина шверцот со наркотици, што во минатото беше особено популарен извор на средства за ПКК.
Приближно половина од шверцуваните цигари се произведуваат во фабрики во соседна Бугарија, се тврди во написот.
„Од тука илјадници пакети се префрлаат во Дубаи, шверцерите потоа ги носат во северен Ирак, од каде влегуваат во Турција“, пишува весникот.
Влезните пунктови за шверцот на цигари се источните и југоисточните окрузи на земјата.
„Секоја шверцувана цигара, што граѓаните ја купуваат, затоа што е евтина, всушност се враќа како граната или бомба против нашите граѓани, војници и полицајци“, заклчуува весникот.
Според изнесените податоци од весникот, делот на шверцуваните цигари во Турција во текот на последното тримесечје од минатата година изнесувал 13, 3 отсто.