НАТО поставува ракети во Турција?

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека НАТО се подготвува да постави ракети „патриот“ на територијата на неговата земја, јавуваат турските медиуми.

Анонимно лице од турското министерство за надворешни работи, претходно денеска објави дека Турција планира да бара од НАТО да постави ракети „Патриот“ долж турско-сириската граница, наведува Ројтерс.

Тензиите помеѓу Турција и Сирија пораснаа на почетокот на октомври кога гранати од Сирија паднаа во турскиот пограничен град Акчакале и убија пет цивили.

Турција возврати со гранатирање на мети во Сирија, кое траеше неколку дена. Беа убиени 10 сириски војници.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски