Бензините поевтинуваат за три денари, цената на дизелот непроменета

Од:

Малопродажната цена на бензините се намалува за три денари, а цената на дизелот останува непроменета.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер  БС – 95 ќе изнесува 55,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС  98 ќе изнесува 57,00 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден/литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм.

Просечната  цена  на  суровата  нафта  на  светскиот пазар  во  изминатиот 14-дневен период  изнесуваше 31,548 долари, а курсот на денарот  54,9 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот  14-дневен период бележат  намалување кај бензинот во просек за околу 11,55  или за 44,95 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,73 % или 7,55 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,21 проценти или за околу 5,94  $/тон.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95