Вчера барел сурова нафта на американскиот пазар се продаваше за 30,56 долари или скоро половина долар поевтино од претходниот ден.
На берзата во Лондон од каде што и Македонија го набавува енергенсот по информацијата за растот на резервите на САД цената падна за скоро еден долар на 34,02 долари за еден барел што е прво поевтинување во последните неколку дена.
Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од минатата недела изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.
Во моментов, цената на суровата нафта е околу 2 долари по барел повисока од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 55,58 денари.
Регулаторната комисија за енергетика треба да ја одреди новата цена на нафтените деривати во понеделник. Според движењето на цените изминативе две недели, за очекување е нов раст на малопродажните цени кој би требало да биде од 1 до два денари по литар.