Аматерски хуманитарен велеслалом „Маврово 2016“

Од:

Од денеска до 21 февруари, во Маврово заедно со Ски центарот „Заре Лазаревски“ ќе се одржи традиционалниот Четиринаесетти аматерски хуманитарен велеслалом – Маврово 2016.

Средствата од котизацијата за велеслаломот годинава ќе бидат наменети за СОС Детското село Македонија, кое оваа година одбележува 15 години од своето постоење.

„СОС Детско село Македонија“, кое како член на големото семејство од 134 Детски села низ целиот свет е посветено на децата без родители и родителска грижа да им овозможи топол дом, семејство и подобра иднина. Досега, многу деца го поминале своето среќно детство под закрила на СОС Детско село Македонија и успешно го продолжиле животот.

Во моментов, вкупно, преку сите свои програми, СОС Детско село Македонија згрижува и поддржува околу 300 деца и млади без родители и родителска грижа и деца и млади во социјален ризик.

Собраните средства од донацијата, „СОС Детско село Македонија“ ќе ги искористи за унапредување на квалитетот на згрижувањето и секојдневните активности и живеење на децата, како и за обезбедување на апарати за домаќинство и други средства, неопходни за непречено функционирање на згрижувачките семејства.

Овие средства ќе бидат од огромна помош за унапредувањето на едукативната и образовната поддршка на вонучилишните и спортските активности на овие деца, како и за задоволување на редовните медицински и здравствени потреби, обезбедување на потребните терапии и медицински помагала.

Би можело да ве интересира

Откажан стартот на скијачката сезона

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден

Ана Ололовска

Кристоферсен нов светски шампион во велеслалом

Ана Ололовска

Божиновски со симболичен настап на велеслаломот од Светското првенство

Ана Ололовска

Јансруд триумфираше во супервелеслалом

Ана Ололовска

Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово прикажан на американска телевизија

Ана Ололовска