Американската група „Иглс оф Дед Метал“ вечерва ќе одржи концерт во салата „Олимпија“ во Париз, кој ќе присуствуваат и преживеаните и семејствата на жртвите од трагичниот концерт на бендот во „Батаклан“ од 13 ноември минатата година, за време на кој при терористички напад беа убиени 90 лица.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, вечерта на 13 ноември заедно со првите ноти од песната „Kiss the Devil“ на „Иглс оф Дед Метал“ се слушнаа и првите истрели со што започна нападот. Од тогаш салата „Батаклан“ е затворена, американската група ја прекина турнејата, која продлжи дури минатата сабота.
Вечерва членовите на бендот ќе се качат на сцената во „Олимпија“, во присуство на преживеаните и блиските на жртвите, кои се поканети од страна на продукцијата, но на концертот ќе има и други љубители на групата.
За многумина вечерашниов концерт е „тежок“, а за многу други, како и за членовите на групата, тој ќе биде „еден вид на терапија и акт на отпор“.
– Мислам дека тоа ќе ни помогне да ја завртиме нова страница. Потребно е да се биде таму и да го завршиме она што не го завршивме и да имаме подобра слика, подобар крај. Сакам мојот мозок да сфати дека е завршено, дека повеќе нема опасност. Секогаш имам впечаток дека тие (терористите) ќе се вратат за да го довршат тоа што го започнаа, изјави еден од преживеаните на концертот за денешеното издание на „Паризиен“.
– Тоа ќе биде нормален рок коцерт, ќе се забавуваме, изјави од страна вокалистот и гитарист на групата Џеси Хјуз.
На концертоте предвидено на преживеаните да им помага една екипа на психолози, кои ќе бидат присутни за време на целиот настан.
Самата група изрази желба да биде прва која повторно ќе настапи на сцената на „Батаклан“, чие отворање е предвиено за крајот на 2016 година, по нејзиното реновирање.