„Турција сигурно ќе влезе во ЕУ“

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека е уверен дека Турција ќе стане членка на ЕУ во разговорот со турскиот претседател и турскиот премиер.

Ердоган потсети дека земјите од Јужна Америка имаат безвизен режим, додека на Турција тоа и се ускратува.

На прашањето на новинарите, кој е неговиот став во врска со примената на визниот режим за граѓаните на Турција кога патуваат низ земјите на ЕУ, Ердоган одговори дека ставот на Турција по тоа прашање е јасен и дека на крај ЕУ ќе го укине постоечкиот визен режим, пренесува агенцијата Анадолија.

„Како што знаете, голем број на земји од Јужна Америка слободно патуваат по Европската унија како да се вклучени во програмата на безвизен режим, додека на Турција, како земја преговарач и понатаму не и е овозможено да се ослободи од визите. За тоа разговаравме со сите наши пријатели и членови на ЕУ и понатаму тоа го правиме. Мислам дека визниот систем ќе биде укинат на крај, но сакаат да не мачат“, рече Ердоган.

Ердоган, кон крајот на октомври, во текот на посетата на Берлин изјави дека неговата земја најдоцна до 2023-та година, точно на 100-годишнината од основањето на Турската Република, мора да стане член на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски