Повеќе од 40 отсто од Романците живеат на граница на сиромаштија

Од:

Над 40 проценти од населението на Романија живеа на границата на сиромаштија, се наведува во извештајот на меѓународната органзиација „Ворлд вижан“, која доставува хуманитарна помош во земјата.

Во извештајот се истакнува дека процентот на сиромаштија кај децата е поголем и изнесува над 50 отсто.

– Посебно драматична е ситуацијата во селата, каде 72 проценти од семејствата не можат да им обезбедат соодветна исхрана на децата, поради што 225.000 деца секоја вечер легнуваат гладни и боледуваат од многу болести, се истакнува во извештајот.

Децата во селата не можат да добијат образование и поради тоа подоцна не можат да најдат работа. Според истражувањето 37 проценти од децата во селата фактички се неписмени односно тешко читаат и не пишуваат правилно.

Поради невработеност и сиромаштија речиси една петтина од 20-милионското население на Романија емигрирало во странство, а повеќе од една третина од Романците изјавиле дека сакаат да ја напуштат земјата за секогаш. Најголем број од тие што сакаат да ја напуштат Романија се на возраст од 25 до 34 години, а најпосакувани држави се Германија, Велика Британија, САД, Италија и Франција.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски