Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва ја отвора пролетната полусезона во ЕХФ Лигата на шампионите со тешкото гостување кај Рајн-Некар, еден од конкурентите за што повисок пласман во групата Б. Во отсуство на неколку ракометари „црвено-црните“ пријавија 15 играчи за оваа средба.
Меѓу нив се тројца голмани и Владо Недановски како нов член. Тој е замена за Дејан Манасков, кој нема да игра исто како и Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ и Александар Деревен.
Сотавот на Вардар е:Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Лазаров, Македа, Марсениќ, Недановски, Шишкарев, Тоскиќ.
Домаќините ќе настапат со овие ракометари: Апелгрен, Ристовски, Баена, Екдал ду Риц, Генсхајмер, Гвардиола, Кнер, Ларсен, Пекелер, Рајнкинд, Шмид, Сигурмансон, Стајнхаузер.
Вардар има 12 бода на петтото место на табелата, а Рајн-Некар со еден повеќе е трет.
Почетокот на натпреварот во Франкфурт е во 19 часот и 30 минути.