Презентација на проектот „Примена на ИТ во автомобилската индустрија“

Од:

Во просториите на Фондација „Никола Кљусев“ денеска ќе бидат презентирани резултатите од двонеделната обука „Примена    на    информатичката    технологија во    автомобилската индустрија“,  која  е  дел  од  Еразмус  проектот „Дигитални  компетенции  и знаење“,  кој е   финансиран   од   Европската комисија   и   Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Ученици од приватното средно училиште САБА од Скопје, Битола и Штип, од 17 до 31 јануари беа на пракса во автомобилски компании  во  Лајпциг,  Германија каде имаа можност да  ја  видат  примената  на  информатиката во автомобилската индустрија.

На денешната презентација учениците од САБА – Скопје ќе го претстават искуството кое го стекнале на праксата во германските компании.

Присутните на  презентацијата  ќе се запознаат и со можностите кои ги нуди Еразмус + програмата за стекнување на европско искуство и пракса.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако опозицијата побара избори ќе договориме термин, ние сме подготвени да излеземе

До 18 часот осум активни пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ