Популарноста на селфијата од 2014 година постепено опаѓа, што е добра работа, со оглед на фактот дека оваа активност досега предизвикала 49 смртни случаи.
Вкупно настрадале 36 мажи и 13 жени, а најголем број туристи починале во 22-та година од животот, пишува „Priceonomics“.
Земјите со најголем број смртни случаи предизвикани од селфија се:
Индија – 10
Русија – седум
САД – пет
Шпанија и Филипини по четири
Португалија и Индонезија по две
Јужноафричка Република, Романија, Пакистан, Мексико, Кина и Италија по едно
Најчеста причина за смртта е пад од голема височина. Така што следниот пат кога ќе го фотографирате спекакуларното заоѓање на сонцето од 30. кат, потсетете се дека вашиот живот е поважен од добрата фотографија. Тоа вклучува и вакви примери.
Водечки причини за смртта се:
Пад од голема висоичина – 16
Давење – 14
Удар на воз – осум
Пукање од огнено оружје – четири
Експлозија на граната, авионска несреќа и автомобилска несреќа – по две
Напад на животно – едно.