Собрани се 12 крвни единици на редовна акција за доброволно дарување крв, што се спроведе денеска во СВР Велес. Акцијата ја реализираа екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинскиот Црвен крст.
Според доктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина ова е една од неколкуте редовни акции за доброволно дарување на крв во СВР Велес.
– Ние често сме на вакви хуманитарни акции за доброволно дарување во велешките јавни претпријатија фирми и средни училишта. Можам да оценам дека велешани се едни од најхуманите во земјава на планот на доброволно дарување на крв. Поради тоа, ние од Институтот за трансфузиона медицина им благодариме на искажаната хуманост на дело, рече Димитровски.