Претседателот на руската Република Чеченија, Рамзан Кадиров на Интернет објави фотографија, која се толкува како закана за руската опозиција.
Кадиров на Инстаграм објави фотографија, на која е облечен во маскирна облека со митралез в рака, а во позадината има планински врвови прекриени со снег.
Со фотографијата е објавен наслов на филм, кој тој, планира да го објави; „Кој не разбрал, ќе разбере“.
Изминатите недели Кадиров дава се поостри изјави против руската опозиција и на Инстаграм објави фотографија со личности од опозицијата кои се цели на снајпер.