Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за два денара

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 0,5, а дизелот за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 58, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 60 денари.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 41 денар. За два денара поскапува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 29,5 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 денари за килограм и ќе изнесува 15,246 денари.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот  во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95