Интернет компанијата „Нејкед Ленгвиџ“ воведе сосема нов, неконвенционален, начин за мотивирање на странците кои сакаат да научат англиски јазик, објави лондонскиот весник „Дејли Мирор“.
Имено, „Нејкед Ленгвиџ“ организира онлајн курс по англиски јазик, на кој префесорките се целосно голи.
– Овој курс гарантира дека теоретските содржини ќе бидат претставени на едноставен и забавен начин преку секси видеа и други содржини, се наведува во огласот за курсот.
По завршувањето на курсот, учениците дури ќе добијат и меѓународно признати серификати за познавање на англискиот јазик.