Добрите и лошите врски некогаш ги набљудуваме црно-бело. Добра врска е таа што е идеална, а во лоша, караниците се чести, а има и неверност. Но разликата меѓу добрата и лошата врска не е така очигледна.
Седум разлики меѓу добрата и лошата врска:
1. Извинување
Добра врска: Вие и вашиот партнер можете отворено еден на друг да си кажете што не е добро, да ги признаете грешките и да продолжите понатаму.
Лоша врска: Извинувањето е ретко и тешко се изгогвара на глас. Некои луѓе имаат проблем со извинувањето бидејќи тоа создава чувство на ранливост, наведува психологот Ен Бренан Малек. Таа посочува дека грижливиот партнер ќе каже дека му е жал наместо да продолжи да ве повредува.
2. Што се цени
Добра врска: Главно се фокусирате на позитивните работи, а понекогаш ќе спомнете некои работи кои би сакале да се поправат.
Лоша врска: Главно се фокусирате на негативните работи и константно потенцирате што ви пречи. Ако сте фрустрирани од лошите работи, можеби е време нешто да се смени.
3. Тишина
Добра врска: Нема многу тивки моменти или незрели караници. Се се решава со ефикасна комуникација.
Лоша врска: Константно се игнорирате еден со друг. Малек наведува дека игнорирањето, ако потрае, може да биде штетно за самодовербата на партнерот.
4. Доверба
Добра врска: Верувате дека вашиот партнер ќе оставари се што ветил.
Лоша врска: Не сте сигурни дали ќе го одржи ветувањето. Во лошите врски секогаш е присутна анксиозноста и недовербата.
5. Изливи на бес
Добра врска: Караниците не се ретки, а изливите на бес се уште поретки.
Лоша врска: Не наоѓањето на клучевите од автомобилот предизвикуваат „трета светска војна“. Во лошите врски се поприсутна е и критиката.
6. Осаменост
Добра врска: Во ред е ако вашиот партнер излезе со пријателите, вие без никаков проблем можете сами да ја поминете вечерта.
Лоша врска: 30 пропуштени повици, 25 пораки, 15 говорни пораки… Зависноста во врската во еден момент може да стане мнопгу опасна. Треба да сте во состојба сами да го поминувате времето без параноја.
7. Разговор
Добра врска: Можете да го кажете своето мислење и да размените ставови.
Лоша врска: Се држите длабоко во себе. Стравот дека би можеле да го изнервирате партнерот е суптилен знак дека нешто не е во ред.