На „Ало докторе“ за една недела 1.313 повици

Од:

 На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 25 јануари до 31 јануари) имало 1.313 повици. 

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија „Ало докторе“ досега имало 74.488 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемен крвен притисок, симптом на болка, зголемена телесна температура, вирози и кашлици од променливото време.

На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ за една недела 1.261 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Наум Локоски

На „Ало докторе“ за една недела 1.231 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ 1.280 повици изминатата недела

Наум Локоски

Измината недела 1.294 повици на Ало докторе

Наум Локоски