МЖ ТРАНСПОРТ: Возот не стои, туку чека сертификат

Од:

МЖ ТРАНСПОРТ АД – Скопје  како невистинити и паушални ги оцени тврдењата во денешната изјава на на Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, во врска со кинеската современа електромоторна патничка гарнитура.

– Не е точно дека новиот воз не е соодветен на македонската инфраструктура и оти не може да ги поднесе вибрациите. Напротив, тој е соодветен на истата, која пак е со европски стандарди – како и новиот воз. Причината зошто новиот воз се уште не е во редовен сообраќај е тоа што по завршените успешни тестирања од страна на Европско нотифицирано тело следува издавање на сертификат, кој се очекува да биде издаден наскоро, стои во реакцијата од МЖ ТРАНСПОРТ АД – Скопје .

Тоа е процедура, се наведува, која мора да биде завршена.

– Ова СДСМ не го знае и не може да го земе во предвид, бидејќи во периодот додека беше на власт не зашрафи ни еден шраф, а не да купи нови возови или да изгради нови пруги. Единствено што СДСМ направи е што испушти од работа стотици вработени и ги запостави сите постојни пруги, се вели во реакцијата.

Доколку СДСМ работеше барем со пола енергија од таа што сега ВМРО-ДПМНЕ ја вложува во изминатиов период за обнова на железничкиот систем, стои во реакцијата, тогаш македонските граѓани немаше да се соочуваат со проблемите кои ги носат старите и дотраени возни средства.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Горан Наумовски

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on