DreamWorks Animation го подготви веројатно првиот анимирн хит на годината, а тоа е долгоочекуваниот филм под наслов „Trolls“.
Анимираниот филм базиран е на познатите кукли за деца, а DeamWorks вчера го објави првиот официјален трејлер, полн со симпатични суштества со долги коси и откачена смисла за хумор.
Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Ана Кендрик (принцезата Попи) и Џастин Тимберлејк (нејзиниот другар Бренч). Тие одат во опасна авантура, со која ќе ја спасат својата татковина.
Исто така, во филмот можат да се слушнат гласовите на Гвен Стефани, Џејмс Корден, Расел Бренд и Кунал Најара.
Филмот е потпишан од режисерите на Шрек, Мајк Мичел и Волт Дорн, а премиерата е закажана за крајот на октомври 2016 година.