Игнат Панчевски, адвокатот на семејствата на загинатите од падот на „Кингерот“, тврди дека поседува сателитски видео снимки на кои јасно се гледало дека „Кингерот“ бил урнат со ракета од воен авион, а потоа просторот бил пален од војници со пламено фрлачи.
Вели дека со новите докази ќе ги запознаел Обединетите Нации, бидејќи материјалите биле разузнавачки и дека снимките нема да ги објави јавно се додека не пристигнеле извештаите од БиХ.
Адвокатот наведе и оти открил дека пред летот на претседателот Трајковски планираниот воздухопловен персонал бил заменет со друг. Панчевски посочи дека сакал новите докази да ги презентира во обвинителството, но дека републичкиот обвинител одбил да го прими на разговор.
Видео: ТВ 24 Вести