Средношколскиот пленум го осудува притисокот врз средношколката Илина

Од:

„Средношколскиот Пленум најостро го осудува обидот за цензура и притисок врз средношколката Илина Димовска од Велес, со што за лично искажан став на социјалната мрежа „Фејсбук“ управата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, вонпроцедурално и изрекува педагошка мерка – незадоволително поведение.

Ваквиот чин на училиштето со кој казната се изрекува без записник, без совет чија одлука ќе биде доставена и потпишана дo родителите на ученикот, го сметаме за крајно недостоен за воспитно – образовна институција и спротивен на постапката за изрекување на педагошки мерки. Управата на училиштето, со ваквиот чекор, дрско посегнува по „слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата“, загарантирана со Устав, со што се врши класичен обид за цензура и притисок, при што дополнително, на средношколката и се оневозможува и правото на претставки и жалби.

Оттука, за вонпроцедурално изречената педагошка мерка, за злоупотребата на моќта на управата на улилиштето, и за кршење/ускратување на правата на средношколката, итно бараме одговорност од надлежните и поништување на незаконски изречената казна!

Средношколскиот Пленум изразува јасна и недвосмислена поддршка за средношколката Илина Димовска од Велес, додека пак ваквиот чин на управата несомнено го вбројуваме во листата на неуспешни обиди за газење по слободната и критичка мисла и амортизација на револтот од лошите реформи во образованието“, соопштуваат од Средношколскиот пленум, пренесува НВО Инфоцентар.

 

Би можело да ве интересира

Реакција на Средношколски пленум: Додека сме на училиште, не сме ваша сопственост

Ана Ололовска

Средношколката Илина од Велес добила намалено поведение заради статус на Фејсбук

Емир Латифовиќ

Средношколски Пленум: Директорите почнаа со притисоци врз учениците

Емир Латифовиќ

Повик од Средношколскиот пленум за протестниот марш на 21. октомври

Ана Ололовска

Средношколци: Ќе протестираме! Не сакаме да сме експеримент

Ана Ололовска

Средношколски пленум до Груевски: Згрозени сме од лажните обвинувања и навредени што не’ нарекувате „катастрофа“

Ана Ололовска