Чилеанскиот Врховен суд одлучи државата да исплати околу 1.3 милиони долари на семејства на четири луѓе кои исчезнале за време на диктатурата на Аугусто Пиноче (1973-1990).
Судот одлучи дека исчезнувањето и смртта на тие четири мажи за кои се обвинети агенти на диктатурата во 1973-1974 година, се злосторство против човештвото за кое не може да има амнестија.
Моралните штети треба да бидат компензирани од државата, се наведува во одлуката на Судот.
Според официјални податоци, над 3.200 луѓе се убиени, а 38.000 се измачувани за време на диктатурата на Пиноче кој почина во 2006 година без да биде суден.