Мажите се најсреќни во својата 37 година во животот, открило истражувањето на британскиот бренд за машка облека „Јакамо“ кое било спроведено на 1.000 луѓе.
Во тие години мажите се чувстуваат најдобро бидејќи основале семејство и круг на пријатели со кои уживаат.
За нив околу 43 отсто, најсреќен момент е раѓањето на нивното дете, за 35 проценти од мажите е нивната венчавка, додека пак за 18 проценти од машката популација, велат дека се најсреќни кога нивниот омилен фудбалски тим ја освоил Лигата на шампиони, потврдило истражувањето.
Освен искуствата кои го промениле нивниот живот, насмевкат на лицето на мажите може да им измами и омилената храна, новата облека или модерните гаџети, дружбата со пријателите, пиењето кафе, некоја изненадна вечера која ја подготвила нивната партнерка, слободното време за читање весници и добар резултат на видео- игри, пишува „Дејли меил“.
– Во 37-та година од животот мажите се доволно млади да не ги мачат здравстеви пробелми, а двојно се страи да изградат самопочитување и углед. Поради таа причина ова е најсреќен период за нив во животот- обајснил Филип Ходсон од британското здружение за советување и психотерапија.