НДП против изборите во април

Од:

Централното претседателство на НДП на итен состанок дискутираше за новата создадена ситуација во земјата како резултат од недемократското и неуставното однесување на актерите во парламентот со едностраната одлука што може да предизвика големи последици за земјата и општеството во целост. На овој состанок, Централното претседателство донесе неколку заклучоци и тоа:

НДП е со конзистентен став во врска со создадената политичката криза во земјата, и НДП неколку пати има повторувано дека Македонија се наоѓа во деликатна ситуација, невидена од осамостојувањето на земјата се до денес, и заради ова се бара голема претпазливост од сите политички актери во земјата. НДП повторува дека за надминување на политичката криза прво мора да се решат суштинските проблеми на земјата, а потоа да се оди на избори. За НДП нема избори без решенија.

НДП смета дека Македонија во последните 8 години има организирано 4 предвремени парламентарни избори, но решенија сеуште не сме имале се до ден денес. Поради ова причина, наивно и неиздржливо е да зе мисли организирање на предвремени парламентарни избори по петти пат, без решавање на проблемите кои ја доведоа земјата до работ на пропаст. Дефинитивно се исполнети условите за решенија, а не за избори.
НДП е со став дека едностраното распуштање на парламентот за избори на 24 април е против духот на Пржинскиот договор, и ова еднострана одлука од страна на ВМРО, ДУИ и ДПА ќе има сериозни последици за земјата и општеството во целост. Предвременото распуштање на парламентот, и без општ конзенсус е неуставен чин. Според НДП земјата нема капацитет да издржи понатамошни експерименти од оваа природа, во спротивно последиците ќе бидат тешки за земјата.

Создадената ситуација во земјата, вклучувајќи го и последното распуштање на парламентот носи печат на ДУИ и ВМРО, по кој знае кој пат уште еднаш ја отфрла јустификацијата на ДУИ дека за нереализација на барањата на албанскиот етникум во земјата нема политичка волја кај македонската страна. Сега веќе е јасно и докажано дека ДУИ го носи печатот за непостигнување на ова политичка волја за реализација на Охридскиот договор за 14 години, и другите барање за развојот на албанскиот народ во целост.

НДП потенцира дека меѓународната заедница мора итно да интервенира за целосно спроведување на Пржинскиот договор и Извештајот на Прибе, бидејќи досега ЕУ и САД имат инвестирано многу во овие два моќни документи за излез од оваа длабока криза. Меѓународната заедница не смее никако да овозможи вакви ниски игри од ова природа со Пржинскиот договор и Извештајот на Прибе, од страна на овие локални актери, бидејќи штетата ќе биде голема и за меѓународната заедница, се вели во соопштението на партијата Национална демократска преродба.

Би можело да ве интересира

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

НДП: Поддршката за СЈО не познава политички партии

Ана Ололовска

НДП: Земјата има потреба од решенија, а не избори

Ана Ололовска

НДП: Владеењето на правото е императив за развојот на земјата

Ана Ололовска

НДП: Извештајот на Freedom House потврдува уште еднаш дека земјата е далеку од избори

Ана Ололовска

НДП: Судските седници за аферата со прислушувањето да бидаат прикажани во живо

Ана Ололовска