Значителна работа останува да биде направена за да придонесе за веродостојни избори, особено избирачкиот список и како да се направат еднакви услови за сите партии во медиумите, напиша на својот фејсбук профил Чарлс Герет, британскиот амбасадор во Македонија.
Тој вели дека ако решение за политичката криза се уште се бара, останатите проблеми мораат да бидат решени со консензус, на начин на кој сите партии кои ќе учествуваат на изборите ќе бидат сигурни и дека ќе ги прифатат резултатите од изборите како волја на народот на Македонија.