Во Велес крстот за Водици го фати Ивица Андонов

Од:

Ивица Андонов од Велес го фати осветениот крст во реката Вардар. Тој беше еден од 59-те православни верници кои влегоа во ладните води на Вардар во Велес.   
Андонов рече дека е многу среќен што го фатил крстот на овој голем празник и дека од 15-годишна возраст секоја година се фрлал по крстот во Вардар за Водици. Ивица, кој има 27 години, е невработен, оженет и има едно дете.
– На сите верници им посакувам во оваа година многу среќа, здравје и работа, порача Андонов. Од владиката Агатангел тој на подарок прими златен крст и библија, а од Општина Велес ДиВиДи. 
Андонов со своите другари во наредниот месец носејќи го светиот крст ќе ги посети и благослови за среќа домовите на православните христијани во Велес.
Празникот Богојавление-Водици утрово започна со Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Свети Спас“ со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
По завршувањето на Литургијата се формира литија од Црквата „Свети Спас“ до Мало мовче, а каде што се изврши осветување на водите на реката Вардар, а по што владиката Агатангел го положи крстот во водите на реката Вардар.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он