Светиот крст во Преспа го фати Дарко Барандовски

Од:

Светиот крст во водите на Преспанското Езеро го фати 19-годишниот Дарко Барандовски од Ресен. Тој беше најсреќен меѓу 31 верник, што скокаа во студените езерски води во Отешево, меѓу кои имаше и една девојка.

Барандовски, кој прв пат скока по Светиот крст на сите им посака здравје и среќа.
– Прв пат скокнав и го фатив. Господ на сите да им дава здравје и на мен. Секаде да е напомош, изјави Барандовски по фаќањето на светиот крст.

Тој беше даруван со телевизот од Општина Ресен и со други подароци од МПЦ и спонзори.

– Во духот на долгогодишната ресенска, преспанска, но и македонска традиција на одбележување на Богојавление – Водици најбрзиот и највештиот Барандовски успеа прв да стигне до светиот крст. Честитки до сите оние што на ова исклучително студено време имаа храброст, но пред се Божја волја да се фрлат во водите на Преспанското Езеро, истакна градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.

Чинот за осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија  од ресенското архиерејско намесништво.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он