Александар Мицевски го фати светиот крст во Дебар

Од:

Православните верници во Дебар ја продолжуваат традицијата и за големиот православен празник Богојавление – Водоци. Во црквата „Света Петка” освен постојаните жители од градот на богослужбата и фрлањето на светиот крст присуствуваа и голем број дебрани кои живеат во други градови во државава.

Светиот крст во базенот, кој се наоѓа во дворот на црквата го фрли намесникот на дебарската парохија, Благоја Спироски. Меѓу трите момчиња кои скокнаа по чесниот крст најсреќен беше Александар Мицевски, од Охрид,по потекло од Дебар, инаку матурант на средното медицинско училиште во Струга.

Александар по третпат едноподруго го фаќа осветениот крст. – Пресреќен сум. Овде го минав детството. Живеам во Охрид но јас сум дебранец. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, рече Мицевски.

Црковниот одбор за него обезбеди награда, а со пари го даруваа и верниците.

Би можело да ве интересира

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он

Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина

А1он

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи го фати светиот крст во Скопје

А1он