Претседателот Ѓорге Иванов, го именуваше Воислав Стојановски, доктор на правни науки и правен советник во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, за нов член на Комисијата за помилување.
Од кабинетот на претседателот претходно најавија дека претседателот Иванов одлучил за го прошири составот со уште еден член, од цивилниот сектор и здруженијата кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на човековите права и побарал од Хелсиншкиот комитет да достави предлог за член во Комисијата за помилување.
Членови на Комисијата за помилување се: Василка Јурукоска, претседател, членови: проф. д-р Никола Јанкуловски, Марко Зврлевски, јавен обвинител, Благородна Дулиќ, Бекир Исени, поранешен претседател на Судскиот совет, проф. д-р Методија Каневчев, Љупка Арсениевска, пензионирана судијка, претседателот на Апелациониот суд Штип Стојанче Рибарев и проф. д-р Нуман Аруч.