Белгискиот архитект Винсент Селабе разви планови за неверојатен океански град изграден од рециклиран отпад.
Овој футуристички градежен предлог би се протегал и до еден километар длабочина и планирано е да биде комплетно направен од 3Д отпечатен пластичен отпад.
Архитектонскиот концепт служи за да се истакне најдобриот можен начин на моменталната ситуација во која се наоѓа човештвото, се поголемото исцрпување на природните ресурси, како и потребата за чистење на океаните и животната средина. Предложените морски згради би биле изградени од мешавина на алги и разен отпад, кој потоа би бил 3Д отпечатен, за да се создаде мрежа на градски кули и комплекси.
Предвидено е градот да има обновливи извори на енергија, а храната би била од одгледувани алги, планктони и мекотелци, заедно со градините за зеленчук и овошје, кои би се наоѓале под нивото на водата.