Во село Петралица собрани 26 крвни единици

Од:

Вкупно 26 крвни единици се собрани денеска на крводарителска акција во месната заедница на село Петралица во општина Ранковце.

Доктор Горан Андонов од Институтот за трансфузиона медицина Скопје, истакна дека кривопаланечките и дарителите од Ранковце се крводарители за пример во државата и едни од најактивните.

– Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка лани го натфрли годишниот план за крводарувања за речиси 40 отсто, а хуманоста продолжува и годинава. Празниците се уште се во тек и им ги честитам на сите, а задоволен сум што иако празник, одзивот на жителите на Петралица и околните места и денес е голем, рече Андов.

Секретарот на ОО Црвен Крст Крива Паланка Дарко Пешовски информира дека ова е прва од вкупно 23 акции планирани за 2016 година.

– Годинава согласно планот за крводарувања за 2016 планирано е да се одржат 23 акции на кои според проекциите очекуваме да се соберат 711 единици крв. Традициионално, нашата организација дава одлични резултати на ова поле и горди сме на жителите од двете општини, рече Пешовски.

Акцијата ја реализираа општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Вкупниот број собрани крвни единици во 2015 на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце изнесува 974, а годишниот план беше надминат со 263 крводарувања.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ