Актерката Лилјана Велјанова, вчера попладне, била тешко повредена на проба на претстава, во новиот објект на МНТ.
Неофицијално, таа паднала на модулите на сцената, повредувајќи го левиот колк, по што веднаш била пренесена во Болницата „Филип Втори“, каде била оперирана, таа во моментот е во стабилна состојба.
Според очевидци актерката паднала на модулите, во отворена дупка, одејќи кон малата сцена каде се одржувала пробата за новата претстава на режисерката Зоја Бузалковска.
Раководствто на Македонскиот народен театар, воопшто не се огласи за овој настан и досега нема официјални информации за причините за несреќата на актерката Велјанова, што се случила откако таа паднала во неосветлена дупка, која не била обележана и не била затворена, за да не може да се поминува.