Српскиот министер за надворешни работи во интервју за телевизијата Н1, обвинувајќи ја Хрватска дека набавува балистички ракети од САД за гаѓање на Србија, се осврна на односите со сите соседи, меѓу кои и Македонија. Тој кажа дека не верува дека на Хрватска и требаат ракетите за Австрија туку за да гаѓа кон Србија или Република Српска.
– Ние ве почитуваме како соседи, но не сакаме да кажеме дека ве сакаме. Зошто? Кој ви вели дека ве сака, тој ве лаже. А утре ќе ве мрази. Ве сакаме како Папуа Нова Гвинеја. Тоа важи и за Црна Гора и за Македонија. Би плукнал на себе кога би рекол дека сте прекрасни. Но, ние подобри немаме. Какви и да сме, дајте да живееме заедно, рече Дачиќ.
Српскиот министер и политичкиот врв ја сменија реториката кон земјава по гласањето на Македонија за влез на Косово во УНЕСКО.