Хелсиншки апелира да се најде решение за бесплатен превоз на бегалците

Од:

Во неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово, Хелсиншкиот комитет за човекови права нотира проблеми кај просторните капацитети и услови во кампот за бегалците и институционалното постапување во периодот помеѓу 21 декември и 27 декември.

Гевгелија

Просторни капацитети и услови

Во овој период се регистрирани 21.036 бегалци што е за 19% повеќе од минатиот седмичен период кога регистрирани беа 17.046 бегалци.

Во кампот, на неколку бандери е поставен аудио-разглас. Хелсиншкиот комитет го поздравува ова и смета дека на овој начин комуникацијата ќе се одвива полесно и подобро, особено во кризни или непредвидени ситуации. Контролата на документи на бегалците сега се одвива на две места, односно при регистрација на влезот во кампот и пред качувањето во возот. Транзитирањето се одвива организирано и координирано и не беа забележани никакви инциденти во овој период.

На 22.12.2015, вторник се одржа протест на таксистите кои ја блокираа железничката пруга и траеше во наредните два дена. Поради тоа, бегалците се задржуваа во кампот повеќе од 10 часа и беа изморени и нервозни. На крајот од денот, поради големата бројка на бегалци кои се собраа во кампот, еден дел беа пропуштени со такси возила, а останатите со воз. Барањата на таксистите се да им се дозволи на бегалците да патуваат од Гевгелија до Табановце со такси возила односно да им се дозволи барем два пати неделно да превезуваат бегалци. Центарот за управување на кризи, после два дена од протестот донесе одлука дека основен превоз на бегалците ќе се врши со воз, додека такси возила и автобуси ќе се користат во одредени ситуации, односно при поголем зголемен број на бегалци, при недостаток на вагони во возот, кога бројот на бегалци е премал (околу 150 бегалци), како и кога бегалци чекале повеќе од 5 часа во кампот, а воз не поминал.

Институционално постапување

Во текот на овој период, полициските службеници на терен совесно и професионално ги извршуваа своите работни задачи. Во кампот посета оствари хрватска делегација од високи полициски службеници. Постои најава дека од месец јануари соработка и мониторинг ќе се спроведува заедно со српската, унгарската и чешката полиција.

Во изолиран случај, вработени во Македонски железници побараа донација од ќебиња (кои им се доделуваат на бегалците од страна на УНХЦР), за да пропуштат група од 20 бегалци кои немале доволно пари за да ги купат карти.

Хелсиншкиот комитет апелира до надлежните институции да се изнајде решение за бесплатен превоз на бегалците кои немаат средства за да платат карта.

Куманово

Просторни капацитети и услови

Во кампот во Табановце се работи на поставување на кујна, како и поставување на електрична инсталација во новите шатори. Покрај координаторот на кампот, во Табановце е назначен координатор за храна и облека, претставник од Министерството за труд и социјална политика. Бегалците постојано се жалат на лошите услови во вагоните во возот кои секогаш се пренатрупани и ладни, а бегалците мора да седат и на подот. Дополнително, бегалците на кои им е забранет влез (државјани на земји различни од Сирија, Авганистан и Ирак) се почесто го користат товарниот воз, што е проблематично и ја загрозува нивната безбедност. Во изолиран случај, тројца бегалци пристигнаа во кампот во Табановце а се возеле од надворешната страна на возот односно се држеле за последниот вагон на возот. Тие беа во лоша состојба, премрзнати и гладни, но соодветна грижа им беше укажана во кампот.

Институционално постапување

Во кампот постојано има групи кои пристигнале по нелегални патишта, не поседуваат никакви документи и не е можно да се докаже земја на нивно потекло. Тие се задржуваат во кампот по неколку дена, а потоа го напуштаат во непознат правец.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска