Фронтекс распоредува 293 офицери на грчките острови

Од:

Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс) објави денеска дека распоредува 293 офицери за обезбедување на границите и 15 бродови на грчките острови, како одговор на барањето на Атина.

Фронтекс почна вчера со распоредувањето на 293 офицери и 15-те бродови во рамки на новата операција, наречена „Посејдон Репид“, по барањето на Грција за дополнителна помош за обезбедување на нејзините надворешни граници во Егејското Море.

Бројот на распоредените офицери за обезбедување на границите ќе биде зголемен постепено до над 400 лица, а исто ќе биде зголемен и бројот на бродовите, возилата и другата опрема со цел да им се помогне на грчките власти да се соочат со миграцискиот бран на надворешните граници, додаде Фронтекс.

Би можело да ве интересира

Оставка на директорот на Фронтекс, ЕК се оградува од одговорност

Ана Ололовска

Директорот на ФРОНТЕКС нема да поднесе оставка

Ана Ололовска

ОЛАФ покрена истрага против ФРОНТЕКС

Ана Ололовска

ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци

Ана Ололовска

Лазаров: Србија нема потпишано договор со ЕУ за Фронтекс

Ана Ололовска

Дојче веле: Фронтекс доаѓа на Западен Балкан

Ана Ололовска