Во Дортмунд основан светскиот сојуз на Бошњаците

Од:

На 19.12.2015 г., во германскиот град Дортмунд со делегати од дваесет и осум земји е основан Светскиот Сојуз на Бошњаците. Усвоен е Статутот на организацијата, органите, а за Престедател е избран Мирсад Фрајберг.

Фрајберг истакна дека обврската на ССБ е да води грижа за интерсите на бошњачкиот народ, како во дијаспората така и во Босна и Херцеговина.

– Веруваме дека ССБ ќе ја исполни својата мисија само доколку се ослободи полниот интелектуален потенцијал на нашите луѓе и го помогне остварувањето на прогресивнитеидеји за доброто на нашиот народ и другите луѓе. ССБ е идеја која е надвор од политиката и е над политиката – истакна Фрајберг.

На седницата на ССБ се избрани претседатели по држави со времен мандат. Тие имаат обврска да ги воспостават структурите во својата држава. За претседател на ССБ за Македонија е избран Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

– Новата организација има концепт за национално и суштинско обединување на сите Бошњаци во светот без оглед на политичките или другите ставови и определби на своите членови. Ние во Македонија неопходно е да бидеме дел од таков систем во кој ќе бидат обединети и заштитени нашите клучни интерси. Во наредниот период ќе помогнам да се направат сите структури неопходни за функционирање кои понатаму ќе ја носат одговорноста за реализација на оваа возвишена идеја – истакна Рамчиловиќ.

Со основањето на ССБ во 28 земји во светот делегатите заземаа став дека реализацијата на идејата за кровна организација на Бошњаците е идеја која е развивана со генерации во срцата и мислите на Бошњаците како во дијаспората, така и во татковината Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Заев: Бошњаците се нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава

Ана Ололовска

Бошњачки демократски сојуз поддржува изборен модел со една изборна единица

Ана Ололовска

Заев: Бошњаците се нераздвоен дел од богатството во нашата мултикултурна држава и концептот „Едно општество за сите“

Наум Локоски

Влада: Голема поддршка за европската иднина на земјата од Бошњаците и Гораните во Македонија и Косово

Наум Локоски

Заев им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Ана Ололовска

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го честитаа Денот на Бошњаците

Ана Ололовска