Почина најтешкиот човек на планетата Мексиканец Андреа Морено Сепулведа, пренесоа мексиканските новински агенции.
Тој починал во мексиканскиот град Сјудад Обрегон од инфаркт и мозочен перитонитис. 38-годишниот полицаец се почувствувал лошо. Починал на пат кон болница.
Само до пред неколку месеци Морено тежеше 450 килограми, но после операција за отстранување на дел од желудникот тој собори 100 килограми.
По операцијата помина курс по рехабилитација, но во ноември требаше пак да биде опериран поради акутен перитонитис.