Ердоган губи надеж дека ќе добие поддршка од сите политички партии

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека губи надеж дека ќе ја добие поддршката од сите политички партии за спроведување на реформите, кои ќе овозможат воведување на претседателски систем со пошироки надлежности, но и покрај тоа е цврсто решен да ги реализира своите планови, пишува денеска турскиот весник „Сабах“.

Ердоган доминира во турската политика, откако неговата происламистичка Партија на правдата и развојот дојде на власт во 2001 година, а оттогаш уште два пати победи на изборите.

Според статутот на партијата Ердоган сепак не може уште еднаш да се кандидира за премиер, откако ќе му заврши сегашниот мандат во 2015 година и јавна тајна е дека тој сака да се кандидира за претседател, наведува весникот.

Парламентарната комисија, во која учествуваат претставници на четирите партии, претставени во турскиот Меџлис, работи на проектот за нов Устав, а премиерот Ердоган го поддржува воведувањето на претседателски систем со извршни надлежности.

– Искрено кажано мојата надеж за реформи се намалува со секој изминат ден. И покрај тоа сметам дека треба да го реализираме започнатиот процес, посочи Ердоган за весникот „Сабах“.

– Не може да се враќаме назад. Нашиот став за новиот устав е јасен. Секако дека не е задолжително четирите партии да имаат исто мислење. Доколку не поддржи Народнорепубликанската партија тоа ќе го сториме со неа. Доколку не поддржи Партијата на националистичкото дејствување ќе ги реализираме реформите со неа, посочи Ердоган.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ