Љубовта не е проблем, за се е виновна биологијата

Од:

Некои истражувања сугерираат дека дури 50 отсто луѓе во многу врски ги изневериле сегашните или ги изневериле поранешните партнери. Без оглед на процентите, изгледа дека вистинската причина за изневерување не е таа која прва ни паѓа на ум.

Авторот на книгата „The Monogramy Gap‟ Ерик Андерсон го објасни својот став темелен на неодамна спроведеното истражување.

„Луѓето кои се изневерени често се сметаат за жртви за да објаснат зошто тоа се случило. Идејата за тоа дека во врската постоело нешто фундаментално лошо што предизвикалко неверство, често не е точна. Според ова истражување, всушност најголем број неверства немаат никаква врска со недостиг на љубов‟ – рече Андерсон за Хафингтон Пост.

Всушност, тврди авторот, за се е виновна биологијата на нашиот вид, т.е. хормоните кои не тераат на желба за секс со други луѓе.

„Дури и старите истражувања за сексуалното однесување на луѓето говорат дека интензитетот на половиот однос на двајца луѓе со време се намалува. Интересно, љубовта и сеопфатната поврзаност на двајца луѓе со годините расте, но желбата за секс ја надминува границата на врската, што создава една своевидна моногамна празнина. Накусо, од социјален аспект речиси сите сакаме моногамна врска, но од биолошка гледна точка, ние сакаме секс со други луѓе‟ – објаснува Андерсон.

Тој додава дека тоа е клучот за сфаќањето на феноменот на неверствата, каде лице кое изневерува, т.е. кое практикува секс надвор од врската или од бракот, не искажува потреба за напуштање на партнерот.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска