Францускиот ланец маркети „Карфур“ ќе ја купи филијалата на германската трговска компанија „Била“ во Романија.
Како што јавија романските медиуми, засега не се познати деталите од овој купо-продажен договор, кој треба да биде одобрен од романскиот Совет за конкурентност.
Предмет на купо-пподажбата се 86-те супермаркети на германскиот трговски ланец „Била“ во Романија.
„Карфур“ веќе поседува 29 хупермаркети и 104 супермаркети во Романија, во кои се вработени околу 9.000 лица. Маркетите на „Карфур“ во Романија лани оствариле промет од над една милијарда евра.