Дали верувате на сопствените сеќавања?

Од:

Елементариум – Белград

Кога станува збор за големината на влијанието на сведоштвата на очевидци врз одлуката на поротата пред судија, холивудските филмови всушност не претерувале. Показалец одлучно вперен во обвинетиот често е доволен доказ пресудата да биде изречена. Овие театрални моменти често се трагични со оглед дека показалецот често е воден од невистинити сеќавања. Зачестеното лажно сведочење за кое зборуваме навистина е загрижувачки големо, анализите на голем број криминални дела покажале дека во над 75 отсто случаи на невино осудени луѓе им е изречена пресуда токму врз основа на лажно сеќавање на сведоци.

Сите сме подложни на феноменот на лажни сеќавања, сеќавања на настани кои не се случиле или сеќавања за тоа дека настаните биле поинакви од што навистина се. На нив не се отпорни дури ни тие ретките меѓу нас со исклучителни мемориски способности, кои памтат какво било времето на 16 јуни 1984 година и можат да кажат што ручале на кој било случајно одбран ден.

Лажните сеќавања се еднакво богати со детали и емоции како вистинските, а лицето кое ги има убедено е во нивната реалност. Иако трајни, лажните сеќавања најчесто се целосно безопасни; сеќавање дека сте биле на екскурзија за која всушност само сте слушале од своите средношколски пријатели нема ништо да ви наштети. Но, кога ќе се појават во состојби како судење за кривично дело, последиците можат да бидат исклучително сериозни.

Пред 40 години Елизабет Лофтус од Универзитетот во Калифорнија, Ервајн, тогашен истражувач на почеток на кариерата, а денес еден од највлијателните психолози и експерт консултиран во стотици криминални случаи, се заинтересирала за влијанието на информациите за валидноста на сведочењето на очевидците. Во еден од класичните експерименти, на испитаниците Елизабет Лофтус пуштала видео инсерти од сообраќајни незгоди, а нивна задача била да ја проценат брзината со која се движеле автомобилите.

На испитаниците на кои им било поставено прашањето „Колку брзо автомобилите возеле кога се судриле?‟, тие одговарале дека брзината била поголема, за разлика од испитаниците кај кои наместо судриле бил употребен глаголот чукнале. По една недела подоцна, испитаниците на кои им било поставено прашањето со зборот судриле, опишувале дури и дека прозорите биле скршени, иако тоа не било прикажано во сцената.

Во над 200 истражувања во кои учествувале околу 20.000 испитаници, Елизабет Лофтус убедливо покажала дека нашиот мозок не ги бележи верно настаните кои сме ги проживеале, туку дека секоја нова информација доведува до реконструкција на сеќавањето. За да ги обработи новите информации, мозокот ги користи постоечките и во тој процес создава кохерентно, но често погрешно сеќавање.

Покрај тоа што го менуваат сеќавањето на одредени настани, дополнителните информации можат да ги наведат луѓето да веруваат дека учествувале во настани кои всушност ги замислувале или за нив само размислувале. Така психолозите, со користење на сугестивни прашања и техники на замислување, успеале да ги наведат луѓето да мислат дека во детството се изгубиле во трговски центар, дека предизвикале инцидент на свадба на свој роднина, како и дека ги нападнало агресивно животно.

Со примена на истите техники, психолозите успеале и да изнудат „признание‟ од испитаниците дека лажеле на тестот, па дури и дека, само пред неколку години извршиле кражба.

Во едно поново истражување холандски војници во тек на едно интервју биле прашани дали учествувале во измислен настан во Авганистан. Иако во самото интервју војниците исправно рекле дека не учествувале, кога по седум месеци повторно им било поставено истото прашање, многу војници рекле дека учествувале во измислениот настан.

Како што е покажано во текот на ова истражување и само поставени прашања за некој настан може да создаде лажно сеќавање за него.

Со оглед дека лабораториската средина во која главно биле проучувани лажните сеќавања не е посебно интересна, се поставува прашањето дали тие се јавуваат и во високостресни ситуации, во какви што се наоѓале многу очевидци. За жал, значајноста и стресноста на ситуацијата не не заштитуваат од појава на лажни сеќавања.

Во едно поново истражување, припадници на американска војска кои биле на редовна обука за ситуации во заробеништво, биле испитувани на физички и психички агресивен начин 30 минути, а потоа требале да го идентификуваат лицето кое ги злоставувало. Наспроти високата обученост за вакви ситуации, кога им се даваат сугестивни информации, војниците погрешно го препознавале злоставувачот.

Иако на лажни сеќавања никој не е имун, откривањето на факторите под кои тие настануваат, може да ни помогне да се заштитиме од нив, барем во ситуации како судски процеси во кои е круцијално сеќавањата да бидат вистински. Од друга страна, ако чувате по некое благо разубавено сеќавање на претходната верзија, без грижи, тоа не може да ви наштети.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ