Празнична креативност на лицата со Даунов синдром

Од:

Лица со Даунов синдром и дизајнери денеска ќе изработуваат новогодишни честитки на предновогодишна работилница во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Честитките што ќе бидат изработени под менторство на модните дизајнери Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева и графичкиот дизајнер Емилија Мишова Старова ќе бидат изложени за јавноста и објавени на социјалните мрежи.
Настанот е во организација на „Јавна соба“ и Моден викенд Скопје, со помош на активистките Марија Матовска и Росица Колева кои долги години се занимаваат со поддршка на лицата со даунов синдром. На работилницата ќе учествуваат и студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет од насоките за моден и графички дизајн.
– Покрај тоа што сакаме да им ги разубавиме празниците, пред се сакаме уште еднаш да покажеме дека лицата со Даунов синдром се многу креативни, активни и истрајни во работата како и многу други деца, и доколку им се пренесат вистинските вештини од страна на професионалци можат да придонесат многу за сопствениот и развојот на целото општество, соопштуваат организаторите на работилницата.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот